Одбојкарите на Полска и се приклучија на Италија во четвртфиналето на машкиот турнир. Ова откако Полјаците со пресврт о совладаа Бразил со 3:2 во меч од 2.коло на Б групата.

Иако Кариоките во два наврати имаа предност, добивајчи го првиот и третиот сет. Сепак Полјаците успеаја да направат комплетен пресврт. Го добија решавачкиот пети сет со 15-12, а мечот со 3:2.

Сега Полска и Италија имаат по две победи и нивниот меѓусебен дуел ќе решава за првото место.

Пласман меѓу осумте најдобри од другите групи веќе имаат обезбедено: Словенија, Франција (А), и САД (Ц група).

Кај дамите шанса денеска да обезбедат четврт финале имаат одбојкарките на Србија и Полска кои играат против САД и Кенија

ОИ ОДБОЈКА – МАЖИ
09.00 Полска – Бразил 3:2 Б група
13:00 Јапонија – Аргентина Ц група

ОИ ОДБОЈКА – ЖЕНИ
17.00 САД – Србија (Група А)
21.00 Полска – Кенија (Група Б)