На задоволство на домашната публика, првиот медал денеска на ОИ во Париз го освои Касандре Богранд. Французинката победи во женската триатлонската трка

Откако во неделата и вчера бае одложени натпреварите во триатлон, поради загадувањето на реката Сена, денеска конечно натпреварувачите се активни.

Богранд најбрзо ја мина триатлонската патека на која се пливаа 1.500 метри, па следуваат 40 километри велосипедизам и на крај трчање од 10 километри.

Французинката до најсјајното олимписко одличје стигна пред Швајцарката, Џули Дерон која го освои среброто, а бронзата и припадна на Британката, Бет Потер.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА