Прво рангираната светска тенисерка на ВТА листата Ига Швјонтек немаше проблеми да ја мине втората пречка на патот кон олимпиското злато.

Полската тенисерка експресно во дава сета и за само 74 минути, ја победи домашната тенисерка Дијана Пери со 2:0.

Свјонтек на Французинката и препушти само по еден гем во двата сета совладувајќи ја со 6-1 и 6-1.

Противничка на Швјонтек во осминафиналето ќе биде кинеската тенисерка Ксију Ванг 52-ра на ВТА листата.

Следно на централниот терен на „Роланд Гарос“ е мега пресметката меѓу великаните Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА