Најинтересниот натпревар на третиот ден на ОИ во Париз се одигра на тенискиот турнир. Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се судрија во второто коло, а победи Србинот.

Ѓоковиќ во два сета го доби Шпанецот на теренот на кој Надал има освоено најмногу Гренд-слем трофеи.

За првиот сет на Новак му требаа 39 минути, а на противникот му препушти само еден гем (6-1).

Во вториот Ѓоковиќ водеше со 4-0, но Рафа се врати и израмни на 4-4. Сепак, Шпанецот немаше сили да го сврти сетот, па Ѓоковиќ го доби со 6-4, а мечот со 2:0.

Тоа беше 60-тиот меч на двајцата најдобри тенисери на сите времиња. Новак се радуваше на 31 победа, а Надал има две помалку (29).