Трката на патеката Спа Франкошамп за ГН на Белгија секогаш носи големи возбудувања во Формула 1.
Така се покажа денеска, а до голема еден-два победа стигнаа пилотите на Мерцедес, Расел и Хамилтон.
Расел стигна до втората победа во сезоната откако само една ги посети механичарите и извозе дури 34 круга до крај со истите гуми.
Овој потег се покажа како победнички и слободно можеме да го прогласиме за потег на годината во Ф1.
Мерцедес покажа дека има моќни болиди, а славеше на три пати во последните четири трки.
Луис Хамилтон заврши втор, а Оскар Пјастри од Мекларен имаше само 1,2 секунди заостанување зад победникот заврши трет.
Шампионот Верстапен заврши на петтото место, а пред него беше и Леклер кој стартуваше од пол позицијата и ова е шеста трка по ред на која не победува пилотот кој тргнал од пол-позиција.
Бодови освоија уште и Норис, Саинц, Перез, Алонсо и Окон.
Верстапен е лидер со 275 бода, Норис е втор со 197, трет е Леклер со 174, па следуваат Пијастри со 164, Саинц со 160, Расел со 143 и Хамилтон со 141 бод.
Следната трка се вози за еден месец на 25-ти август во Германија на патеката Зандворт, бидејќи следува пауза во Ф1.