Женската млада репрезентација на Македонија за одбојкарки до 20 години, го претрпе третиот пораз на Балканското првенство.
Ако на претходните два натпревари против фаворитите, Црна Гора и Србија поразите беа очекувани, овој од домаќинот Албанија сигурно не.
Домашната селекција во секој сегмент ја надигра македонската и лесно и убедливо со 3:0 го доби мечот. Со вкупно 39 освоени поени македонските млади одбојкарки, немаа што да бараат. Мечот по сетови го загубија со 16:25, 9:25 и 14:25.
Тешко е да се поверува дека во наредните два ќе може да стигнат до првата победа,. Сепак спортски е да се надигруваат и затоа ќе мора да одиграат, барем во најдобро светло.
Попладнево во рамките од 4.коло, Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Бугарија во мечот од 15 часот.