Машката младинска репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години, заслужено ќе биде наградена.
Македонските младинци завршија девети на ЕП во Словенија, но импресионираа со својот настап. Со борбеноста, желбата за победа, во националниот дрес, овие млади ракометари ги освоија симпатиите на целата нација.
Тоа Ракометната федерација на Македонија знаше да го препознае и награди.
така УО на РФМ донесе одлука целиот национален состав да биде награден со сума од 1 милион денари.
Момчињата тоа го заслужија, а го заслужија и својот настап на Мундијалот (У21) со ќе се игра следната година.