Четири дена пред почетокот на ОИ во Париз, денеска дел од македонските олимпијци со богата агенда.
По прес конференција во МОК, македонската олимписка делегација на средба со Претседателката, Гордана Сиљановска Давкова.
На средбата претседателката на Македонија, на олимпијците им го предаде знамето кое ќе се вее на Олимпијадата.
,,Со чест и задоволство го врачив македонското знаме коешто нашите олимпијци ќе го развиорат на отворањето на Летните олимписките игри во Париз 2024.
Со гордост и достоинство бранете ги боите на Македонија.
Јас и сите македонски граѓани сме со вас и навиваме од срце”,
истакна на средбата, претседателката на Македонија.
Македонија на оваа Олимпијада ќе биде претставувана од шестмина спортисти.
Знаменосци ќе бидат таеквондистката Милјана Рељиќ и атлетичарот Дарио Ивановски.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА