Македонски репрезентативец во борење, Владимир Егоров, за прв пат во кариерата ќе настапува на Летните олимписки игри.

Егоров кој е носител на повеќе медали од големите натпреварувања, секако е македонски адут за медал.

ВЛАДИМИР ЕГОРОВ – борење

Егоров нé израдува со златото на Европското првенство во Будимпешта во 2022-ра, а истата година ја освои и бронзата на Медитеранските игри во Оран. Владимир првиот медал (бронзен) на Македонија и го донесе од ЕП во Букурешт 2019 година.

Впрочем и самиот Егоров, со малку среќа при ждрепката за борбите, посакува да ја збогати својата колекција.

„Како за секој спортист така и за мене врв во кариера да се учествува на Олимпијада.

Покрај сите резултати што ги има зад мене посакувам да ја збогатам мојата колекција и со некој медал од Олимпијадата“,

вели Егоров.

Егоров ќе настапи во категоријата до 57 кгр. (слободен стил), и тоа во првата, осминафинална, рунда на 8 август од 11.30 часот. Борбите во репасажот се закажани за 9 август (11.00 часот)

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА