Шест дена до стартот на најголемиот светски спортски настан Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.
Церемонијата на отворањето на е во петок (26 јули). За прв церемонијата нема да се одржи на стадион. Наместо тоа, десетици чамци ќе превезуваат илјадници спортисти и изведувачи на патека долга 6 километри долж реката Сена. Шоуто е предводено да трае три часа и 45 минути.
На церемонијата ќе присуствуваат над 100 „шефови“ на држави и владини претставници, заедно со 10.500 спортисти. За церемонијата ќе бидат ангажирани 45.000 полицајци, кои ќе се грижат за безбедноста.
Поставена е поголема црвена зона околу зоната каде ќе се одржува отворањето на Сена. Од мај месец на жителите на таа зона требаше да аплицираат за специјална дозвола за движење. Издаден им е т.н. „QR-код“ што ќе им овозможи пристап до блокираните улици.
Полицијата постави безбедносни контролни пунктови и дозволува да минуваат само локалните жители кои ги имаат тие кодови.
Големиот дел на населението изјавија дека премногу строго спроведување на правилата и неможат слободно да се движат.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА