Во низата Балканијади летово, на ред се македонските одбојкарки до 20 години. Избраничките на селекторот Александар Митев од денеска до среда ќе учествуваат на Балканското првенство во Тирана за одбојкарки родени 2005-та и помлади.

На турнирот ќе настапат шест репрезентации, нема елиминации, секој ќе игра со секого, по што ќе биде одреден конечниот пласман.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА

1 коло, (сабота), 17.30 часот МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
2 коло (недела), 17.30 часот МАКЕДОНИЈА – Србија
3 коло, (понеделник), 20.00 часот МАКЕДОНИЈА – Албанија
4 коло, (вторник), 15.00 часот МАКЕДОНИЈА – Бугарија
5 коло, (среда), 15.00 часот МАКЕДОНИЈА – Турција

Состав на Македонија

Мила Кирова, Сара Донева, Викторија Трајкова, Ивана Милева, Марија Џонлага (Наковски волеј), Елеонора Чолаковска, Кариа Трифуновска, Андротеа Милевска (Работнички Скопје), Миа Ѓорѓиевска, Ива Симоновска (Јанта волеј), Лиле Лозановска, Стефани Најдановска (Пелистер волеј), Стефанија Кипријановска (Младост УГД), Калија Угриновска (Фит фан волеј)