Преку 14.000 спортисти ќе бидат дел од Олимписките Игри во Париз. Сигурно дека еден од најмладите меѓунив ќе биде македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ.
НИКОЛА ЃУРЕТАНОВИЌ – пливање
„За мене настапот на Олимписки игри претставува голем чекор во мојата досегашна кариера, но свесен сум дека со 16 години покрај резултатот кој го планираме и работиме со мојот тим, особено важно е искуството кое ќе го стекнам и ќе го искористам за следните олимписки циклуси кои ќе ме очекуваат“, вели Никола.
За момчето кое веќе има соборено голем број државни рекорди, не само младински туку и сениорски, не се води по максимата на Пјер де Кубернет („Важно е да се учествува), напротив.
„Чувството да си олимпиец е навистина прекрасно, но за мене најважно е претставувањето на Македонија на најголемиот глобален спортски настан во најдобро светло и тоа ми претставува посебна мотивација.
Како што напоменав, со 16 години ова ќе биде само прва во низата на олимпијади, во кои ќе се борам за големи резултати и тоа чувство ме води низ кариерата.
За мене секогаш приоритет ќе бидат резултатите, а не учествата“, вели Ѓуретанивиќ.
Што се однесува до очекувањата, јасно е дека еден од најмладите на оваа Олимпијада, во моментов не може да размислува за висок пласман. Сепак, Никола верува дека ќе го даде најдоброто од себе. За што ќе биде тоа доволно, останува да се види.
„Очекувањата ми се да го дадам најдоброто од себе, да се борам за најголемиот успех за мене и Македонија дури и при таква пеколна конкуренција.
Основно е да бидам смирен и сигурен во процесот кој до сега не само што ме направи најдобар пливач на Македонија, туку и во самиот врв со пливачите на моја возраст од регионот и Европа.
Едноставно верувам во резултатите бидејќи работиме сериозно и посветено на нив, а очекувањата се подредени во тој процес“, истакнува Никола.
16 годишниот Ѓуретановиќ ќе биде и првиот од македонски спортист кој настапи на Олимпијадата. Своето деби во олимпискиот базен во Париз, Никола ќе го има на 27 јули (по 11 часот), за кога се закажани квалификациите во трката на 400 м. слободно.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА