Осум дена остануваат до почетокот на најголемиот светски спортски настан, Олимписките игри во Париз.
Меѓу илјадниците спортисти ќе биде и младата Македонка, Анастасија Мојсовска која ќе настапува во стрелаштво.
АНАСТАСИЈА МОЈСОВСКА – стрелаштво (воздушна пушка 10 м.)
„Настапот на олимпијада за мене претставува остварување на мојот спортски сон и освојување на уште еден спортски врв кој мене ме оформува како професионален спортист.
Чувството е феноменално, неизмерно сум среќна што еве баш јас сум дел од олимписки тим и ја имам шансата да ги претставувам боите на нашата држава“,
вели Анастасија.
Што се однесува до очекувањата, Анастасија верува дека може достојно да ја презентира нашата земја.
„Очекувам квалитетен светски резултат, за кој сум спремна, а со кој достојно ќе се претставиме Македонија, на оваа олимпијада“,
истакнува Мојсовска.
Своето деби на Олимпијадата, Анастасија ќе го има на 28 јули (09.15 часот), а кога се одржуваат квалификациите во нејзината дисциплина.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА