Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона ќе се подготвуда и дури во далечната Кина.
Од таборот на аеродромци информираат дека МЗТ ќе настап на силниот турнир во Кина (27 август-1 септември).
Сино-белите кон крајот на следниот месец ќе заминат во кинескиот град Чонгкинг, кој се наоѓа во истоимената провинција. На турнирот МЗТ Скопје ќе игра против кинеските шампион Лиаонинг и вицепрвакот Ксинјанг. Името на четвртата екипа, која исто така ќе биде од Европа, дополнително ќе биде објавено.
Ова ќе биде одлична проверка во пресрет на новата сезоната во која МЗТ ќе се брани двојната круна на домашна сцена и ќе игра во АБА2 лигата.