Екипите на Алкалоид, Охрид и Тиквеш, ги дознаа противниците за ЕХФ Европскиот куп.
Алкалоид кој втора сезона ќе игра на европската сцена, ќе започне во второто квалификациско коло. Тимот од Автокоманда беше меѓу доставите на ждрепката, а за противник го доби Драгунас Клаипеда од Литванија. Првиот меч Алкалоид ќе го игра на гостински терен, а реваншот во Скопје.
И Охрид ќе почне од втората рунда. Охриѓани за противник ја добија романската екипа Потаиса Турда. Првиот натпревар ќе се игра 19/20 октомври во Охрид, а реваншот во Романија е седум дена подоцна.
Ракометарите на Тиквеш за противник ќе имаат грчки тим. Кавадарчани ќе играат во првата квалификациска рунда против Драма. Првиот натпревар ќе се игра во Грција на 14 септември (18 часот), а реваншот во во Кавадарци е на 22 септември од 19 часот.
Победникот од овој двомеч во 2.коло (квалификации) ќе игра против норвешкиот тим Арендал.