Трите македонски претставници во ЕХФ Европскиот куп, Алкалоид, Охрид и Тиквеш денеска ќе ги дознаа противниците во квалификациските рунди.

Кавадаречки Тиквеш кој доби вајлд карта од ЕХФ, својот втор настап на европската сцена, ќе започне од првата рунда. Дваесетте екипи се поделени во два т.н „шешири“ а Тиквеш ждрепката ќе ја чека од вториот. Кавадарчани своите натпревари од првото квалификациско коло ќе ги играат на септември месец (14-15 прв, 21-22 реванш).

Екипите на Алкалоид и Охрид ќе почнат од втората квалификациска рунда. Освојувачот на Купот на Македонија, Алкалоид ќе биде во „привилегираниот“ прв „шешир“. Охриѓани пак ќе бидат извлечени од вториот шешир. Бидејќи нема ограничувања по земји при ждрепката, она што најмалку посакуваме тие да играат меѓусебно.

Алкалоид и Охрид евро-сезоната ќе ја почнат во октомври месец (19-20 прв натпревар и 26-27 реванш).

Кои ќе бидат противниците на македонските екипи ќе видиме од ждрепката што ќе се одржи во Виена од 11 часот, а може да ја следите ВО ЖИВО ОВДЕ.