По одбраната на титулата на Вимблдон, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз остана на третото место на најновата АТП ранг листата.
И натаму прва на листата е Италијанец, Јаник Синер иако рано го заврши својот настап, додека финалистот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ остана трет. Бидејќи Ѓоковиќ го повтори својот резултат од минатата година, тој ја задржа предноста од 330 поени во однос на Алкараз. Синер се уште е убедливо на врвот со повеќе од 1.000 поени пред Србинот.
По водечкото трио следуваа Зверев и Медведев, додека прогрес натпревари Алекс де Минаур кој сега е шести. На сметка на скокот на Австралиецот, пад бележат Рубљов и Руд.
АТП рангирање:
- (1) Јаник Синер 9.570
- (2) Новак Ѓоковиќ 8.460
- (3) Карлос Алкараз 8.130
- (4) Александар Зверев 7.015
- (5) Данил Медвједев 6.525
- (9) Алекс де Минаур 4.185
- (7) Хуберт Хуркач 4.105
- (6) Андреј Рубљов 4.070
- (8) Каспер Руд 4.030
- (10) Григор Димитров 3.770