Чешката тенисерка Барбора Крејчикова е новата шампионка на Вимблдон. Во финалето на неофицијалното Светското тениско првенство, Крејчикова во три сета ја совлада Италијанката, Јасмин Паолини.
До својата втора титула на Гренд слем турнирите, по Роланд Гарос 2021 година, Крејчикова дојде со победата со 2:1 по сетови 6-2, 2-6 и 6-4.
Покрај трофејот таа че го збојати и своето парилно конто со 2,7 милиони фунти награда.
Италијанката, Паолини и во своето второ финале годинава не успеа да стигне до трофеј. Таа загуби во Париз, на Роланд Гарос од најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек. За „утеха“ Паолини ќе заработи 1,4 милиони фунти.
Утре на програмата е машкото финале кое ќе биде и реприза од лани. Во него бранителот на трофејот Карлос Алкараз за противник ќе го име Новак Ѓоковиќ.