Женската фудбалска репрезентација на Македонија ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2025-та во Швајцарија.
Во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц), нашите фудбалерки денеска ја пречекуваат селекцијата на Летонија.
Нашата репрезентација има императив победа, со која би остварила историски резултат и би го потврдиле 2.место во групата кое носи пласман во баражот.
„Имаме можност да испишеме историја, верувам дека ќе успееме да оствариме победа. Ја немаме на располагање Гентијана Рочи, која со својот квалитет и искуство претставува многу битен член на репрезентација.
Но не смееме да зависиме и да се ослониме само на еден човек.
Кажав дека сите фудбалерки се битни и дека ќе имаат можност да го докажат тоа“,
изјави селекторот Александар Андов.
Македонските фудбалерки веќе еднаш ја победија Летонија во овие квалификации и тоа во Рига со 4:3. Зароа и вербата дека и денеска може да се слави повторно.
„Нормално дека постои притисок пред утрешниот натпревар, но тој е позитивен.
Имаме одлична атмосфера во репрезентација и по подолго време повторно сме сите заедно обединети, функционираме како еден тим и размислуваме победнички“,
изјави капитенот Наташа Андонова.
Во пресрет на последните два натпревари Македонија со 7 бодови е на 2.метсо на табелата зад Словенија (12) против која ќе играат во вторник (16 јули).
Денешниот натпревар Македонија – Летонија ќе се игра на терминот „Петар Милошевски“ крај ФФМ со почеток во 19 часот. Натпреварот може да го гледате во живо на МРТ3 или овде.