Ќе гледаме реприза на финалето на Вимблдон од минатата година. Откако Карлос Алкараз го победи Данило Медвједев , Новак Ѓоковиќ стигна до победа во второто полуфинале.

Најдобриот српски тенисер победи во три сета против Италијанецот, Лоренцо Музети со 6:4, 7:6, 6:4. Мечот траеше два часа и 51 минута. Ѓоковиќ прв на мечот направи брејк и поведе со 4:2. При резултат 5:3 сервираше за сет, но Музети одговори со брејк. Сепак, вториот тенисер во светот веднаш направи нов брејк и со тоа го зеде сетот. Музети подобро го започна вториот сет, поведе со 2:0, но Ѓоковиќ набрзо се врати на израмнување. Имаше и сет топка на сервис на Италијанецот, но сепак гледавме тај-брејкот. А, тој му припадна на Ѓоковиќ со 7:2. Србинот на почетокот од третиот сет направи брејк и ја задржа предноста до крајот. Ја искористи вкупно четвртата меч топка, за конечни 3-0 во сетови.

Во недела Ѓоковиќ ќе игра во своето деветто финале во кое ќе атакува на осмата титула. Воедно ќе има можност да му се реваншизам на младиот Шпанец, Алкараз за ланскиот пораз.