Колумбија славеше против Уругвај и избори финалето на Копа Америка, а еден од настаните кои ја одбележаа полуфиналето е тепачката по завршувањето на натпреварот.
Десетина уругвајски репрезентативци, меѓу кои се истакна Дарвин Нуњез , влетаа на трибините на стадионот во Шарлот и започнаа пресметка со противничките навивачи, пред обезбедувањето да ја смири ситуацијата.
КОНМЕБОЛ објави дека ја истражува целата ситуација. Капитенот на Уругвај, Хозе Марија Гименез истакнува дека тие ги бранеле своите семејства:
„Нашите семејства беа во аудиториумот, имаше и мали деца. Беше катастрофа, немаше полиција и ние мораше да ги брани семејствата, виновни се двајца или тројца кои пиеле премногу и не знаат да пијат “, изјави Гименез.