Репрезентацијата на Колумбија е вториот финалист на Копа Америка. Ова откако во Шарлот, САД, Колумбијците минимално со 1-0 во полуфиналето го совладаа Уругвај
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 39-тата минута, по корнерот на Хамес Родригез, кога Џеферсон Лерма со глава ја заби топката во мрежата на Уругвајците. Родригез стана првиот јужноамерикански играч со шест асистенции на еден голем турнир, прв по Пеле на Светското првенство во 1970 година.
Во финишот на полувремето Колумбија остана со играч помалку, по вториот жолт картон на Даниел Муњоз . Уругвајците се обидоа во второто полувреме, но не успеаја да постигнат гол.
Колумбија ја продолжи серија без порази која трае веќе две години, а сега изнесува 28 натпревари.
За Колумбијците тоа ќе биде третото финале на Копа Америка, а прво по 2001-та го освои единствениот трофеј. Тие во финалето ќе го предизвикаат актуелниот шампион и светски првак Аргентина.
Финалниот натпревар ќе се игра ноќта недела кон понеделник во 2 часот.