Репрезентациите на Шпанија и Англија ќе се борат за шампионскиот трофеј на Европското фудбалско првенство во Германија.
Ова е исходот по вечерва одиграниот втор полуфинален меч во Дортмунд, каде Англија со пресврт ја победи Холандија со 2-1. Јунак на Англичаните е Оли Воткинс кој со гол во 91-та минута ја донесе победата.
А, мечот одлично почна за популарните „лалиња“. Веќе во седмата минута Чави Симонс на ефектен начин и донесе водство на Холандија.
Сепак, Англичаните брзо се созедоа и направија притисок кон голот на Вербруген. Во 17-минута при еден обид да шутира кон неговиот гол, беше направен прекршок врз Хари Кејн. По сугестија од ВАР собата, беше досаден пенал кој го реализира Кејн за 1-1.
Голема можност за водство на Англија пропушти Фил Фоден во два наврати. Во првиот, неговиот удар од самата гол линија го спаси Думфрис, а потоа Фоден ја погоди и стативата.
Во вториот дел. Двете селекции создадоа неколку зрели шанси за погодок, но мрежите мируваа се до самиот финиш/ Кога сите почнаа да се подготвуваат за продолженија, Виткинс ја затресе мрежата на Холандија и и донесе пресврт победа на Англија.
Потсетување дека вчера во првото полуфинале Шпанија со 2-1 ја победи Франција.
Така во недела на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, фудбалските на Шпанија и Англија ќе играат во големото финале.