Австриската компанија ,,Новомарик” односно нејзината подружница во Македонија, е новиот генерален спонзор на ФК Вардар.
Едногодишниот договор вреден 1 милион евра, денеска е потпишан во Скопје, но со желба од двете страни соработката да биде продолжена.
„Не отстапуваме од мотото ‘Секогаш општествено корисна компанија’. Нема да ја преземеме управата на клубот, туку ќе имаме наш претставник кој ќе внимава на финансиската состојба на клубот.
Вардар е симбол на најголемите македонски спортски успеси. Вардар е најтрофејниот и најпознатиот македонски фудбалски клуб. Затоа ни претставува огромна чест и задоволство да стои нашето лого”, истакна истакна Марија Митреска од Новоматик.
Неофицијално, СПОРТ ПЛУС дознава дека поранешниот спортски новинар Миленко Неделковски, ќе биде претставникот на ,,Новоматик” во раководните структури на Вардар.