Холандија го комплетира квартетот на репрезентации кои ќе играат во полуфиналето на Европското фудбалско првенство во Германија.
Холанѓаните го добија последниот четвртфинален дуел, совладувајќи ја Турција со пресврт со 2-1 и закажаа полуфинале со Англичаните.
По кратката почетна иницијатива на Холанѓаните, фудбалерите на Турција ја презедоа контролата на играта. Почнаа почесто да напаѓаат кон противничкиот гол, па конкретната игра ја крунисаа со гол во 35-тата минута. По центаршутот на Ѓулер, на вистинското место се најде Самет Акајдин и погоди за 1-0 за Турција.
Во 56-тата минута малку недостасуваше Турција да стигне до втор погодок. Обидот на Арда Ѓулер од слободен удар заврши само во стативата од голот на Холандија.
Но, популарните „лалиња“ не се откажаа од намерата да ја анулираат негативата. Тоа им успеа на портокаловите во 70.минута кога Стефан де Вриј погоди за 1-1. Не мина долго време и веќе во 76-тата Гапко погоди за пресврт и водство на Холандија од 2-1.
Во продолжението Турците имаа неколку зрели шанси за израмнување која не ја искористија, па до крајот резултатот остана не променет.
Противник на Холандија во полуфиналето ќе биде Англија која по подоброто изведување на пенали ја елиминира Швајцарија.
Следуваат два слободни дена на ЕУРО, а првиот полуфинален меч Шпанија – Франција е закажан за во вторник во Минхен. Дуелот Холандија – Англија ќе се игра во среда во Дортмунд.