Репрезентацијата на Словенија се избори за полуфинале за олимпискиот квалификациски турнир што се игра на Пиреја во Грција.
Словенците славеа убедлива победа над Нов Зеланд со 104-78, со што го освоија второто место во Ц1 групата.
Лука Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Словенците до оваа победа. Дончиќ натпреварот го заврши со 36 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Сепак, Лука не успеа да го погоди последниот шут за тројка и да и донесе на Словенија триумф до 29 разлика со кои ќе беше првопласирана.
Словенците во првиот натпревар загубија убедливо од Хрватска, па Хрватите завршија како први, а Словенците на второто место.
Така во полуфиналето на овој турнир, Словенија за противник ќе ја има Грција. Тоа значи дека Лука Дончиќ или Јанис Антетокумпо, еден од нив ќе остане без настап на Олимпијадата во Париз.
Потсетување дека само победниците на секој од четирите турнири ќе обезбедат пласман на Олимписките игри во Париз.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА