Втор ден натпревари во квалификациите за пласман на олимпискиот кошаркарски турнир во Париз.
Ако Хрватска во првата рунда ја изненади Словенија, тогаш на останатите натпревари немаше изненадувања. Така Италија, Шпанија и Литванија забележаа убедливи победи и ја потврдија фаворитската улога.
Денешниот ден носи неколку интересни натпревари, а дербито ќе се игра на турнирот на Пиреја во Грција. Таму домаќинот предводен од Јанис Антетокумпо ќе се соочи со Доминиканската Република за која игра Карл Ентони Таунс.
Квалификации за ОИ – 2.коло
14:30 Црна Гора – Камерун
16:30 Хрватска – Нов Зеланд
17:30 Бахами – Полска
18:00 Латвија – Филипини
20:00 Доминиканска Република – Грција
20:30 Шпанија – Ангола
23:30 Литванија – Брегот на Слоновата Коска