Репрезентацијата на Турција е последниот патник во четвртфиналето на Европскиот фудбалски шампионат во Германија.
На дуелот одигран во Гелзенкирхен, Турција ја победија Австрија со 2-1, а јунак на Турците е Демирал кој беше стрелец на двата гола.
Почеток од соништата имаа Турците кои уште во првата минута (57.секунди) преку Мерих Демирал за водство од 1-0. По примениот гол Австријците тргнаа во „тотална офанзива“ за да ја анулираат негативата. Но турската селекција беше добро организирана во одбраната, па на одмор замина со предност.
Во вториот дел иста слика. Австријците напаѓаа создаваа шанси, а Турците постигнаа гол. Во 59.минута, повторно по корнер, сега од десната страна, одново најснаодлив беше Дермирал за 2-0.
Австрија се врати во играа во 66.минута, кога по корнерот на Сабицер, Грегорич намали на 1-2. Иако Австријците постојано притискаа и се закануваа во обид да израмнат, сепак тоа не се случи па Турците можеа да слават.
Така Турциија во четвртфиналето за противник ќе ја имаат Холандија која ја совлада Романија.