Четирите преостанати места на олимпискиот кошаркарски турнир со 12 учесници, ќе биде пополнет по одигрувањето на четирите квалификациски турнири.
24 репрезентации ќе учествуваат на квалификациските турнири, кои ќе се одржат од 2 до 7 јули 2024 година, во Грција, Летонија, Шпанија и Порторико. Само победниците на секој од турнирите, на кои има по шест репрезентации, ќе обезбедат настап на Олимпијадата.
Најинтересно се очекува да биде на Пиреја, каде покрај домаќинот Грција се и селекциите на Словенија предводени од Јанис Атетокумпо и Лука Дончиќ. Во конкуренција се и Хрватска, па дури и Доминиканската Република во чии редови настапува Карл Ентони Таунс. Аутсајдерската улога секако ќе ја има Нов Зеланд и Египет.
Летонците заедно со Бразил, до некаде и Црна Гора се фаворитите во групата која ќе се игра во Рига. Литванија и Италија заедно со домаќинот Порторико ќе водат жестока битка на турнирот во Сан Хуан. Затоа пак Шпанија е апсолутен фаворит на домашниот терен во Валенсија.
Олимписки квалификациски турнири
Грција (Пиреа)
А група: Словенија, Хрватска, Нов Зеланд
Б група: Грција, Египет, Доминиканска Република
Летонија (Рига)
А група: Летонија, Грузија, Филипини
Б група: Црна Гора, Бразил, Камерун
Порторико (Сан Хуан)
А група: Литванија, Мексико, Брег Слонова Коска
Б група: Италија, Порторико, Бахреин
Шпанија (Валенсија)
А група: Шпанија, Ангола, Либан
Б група: Финска, БиХ, Бахами
Распоред на натпревари 1.коло (вторник – 2 јули)
14:30 Бразил – Црна Гора
16:30 Египет – Доминиканска Република
17:30 Финска – Бахами
18:00 Грузија – Латвија
20:00 Словенија – Хрватска
20:30 Либан – Шпанија
23:30 Италија – Бахреин
Кошаркарскиот олимписки турнир Париз (26 јули – 11 август)
А група: Австралија, Канада, квалификант од Грција, квалификант од Шпанија,
Б група: Франција, Германија, Јапонија, квалификант од Летонија
Ц група: САД, Србија, Јужен Судан, квалификант од Порторико