Репрезентацијата на Бразил со победа ги започна квалификациите за олимпискиот кошаркарски турнир во Париз. Бразилците ја победија Црна Гога во првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Рига, Летонија.
Кариоките славеа со 81-72, во дуелот од А групата во која е и Камерун. Кошаркарот на белградски Партизан, Бруно Кобоко беше најдобриот играч на натпреварот со 25 поени и 9 скокови. На Црногорците не им помогна ниту даблдабл учинокот на Никола Вукчевиќ кој на 17-те поени додаде 13 скока.
Со оваа победа Бразил направи исчекор кон првото место во Б групата во која е и Камерун. Во групата А играат домаќинот Летонија, Грузија и Филипини.
Пласман на Олимпијадата ќе обезбедат само победниците на четирите квалификациски турнири.
Дербито на денот ќе се игра на Пиреа, каде Словенија ќе се сретне со Хрватска.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА