Фудбалерите на Холандија се седмите патници во четвртфиналето на Европскиот шампионат во Германија. Ова откако во претпоследниот осминафинален дуел Холанѓаните ја совладаа Романија.

На натпреварот одигран во Минхен, Холандија славеше со 3-0 над Романците.

Популарните „лалиња“ ја имаа улогата на фаворит и ја оправдаа со победата. До неа стигнаа шпред се благодарение на Коди Гапко. Фудбалерот на Ливерпул два пати ја затресе романската мрежа. Сепак само првиот погодок од 20-тата минута беше важечки. Оној вториот во 63-тата беше поништен поради милиметарски офсајд.

Гапко не успеа да постигне уште еден гол, но му асистираше на Мален во 83.минута за 2-0 за Холандија. Во судиското дополнение Мален по брзата контра по втор пат се запиша во листата на стрелци и ги постави конечните 3-0.

Холандија сега ќе го чека исходот од вечерашниот натпревар во Лајпциг меѓу Турција и Австрија, Победникот од тој меч ќе го даде противникот на Холанѓаните во четвртфиналето.

euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА