Уште едно големо разочарување за гигантите од КОНКАКАФ. Откако Мексико не успеа да се пласира во четвртфиналето и фудбалерите на САД, домаќините на Копа Америка го завршија настапот.
Американците ноќеска беа поразени од Уругвај со 1:0 Стрелец на единствениот гол беше Матијас Оливера во средината на вториот дел.
Во исто време, Панама играше против Боливија и рутински ја заврши работата, славејче со со 3:1.
Хозе Фахардо , Едуардо Гереро и Цезар Јанис беа стрелци за Панама, додека Бруно Миранда го постигна единствениот гол за Боливија .
Уругвај заврши на врвот на табелата со максимални три победи, Панама е втора со шест бода, три повеќе од САД, додека последнопласираната Боливија нема ниту еден бод.
Уругвај и Панама ќе ги чекаат своите противници за четвртфиналето. Колумбија е веќе пласирана, а вечерва против второ рангираниот Бразил игра за првото место во Д група.