Искусниот 33-годишен играч за врска Стефан Спировски се врати во мак-фудбалот.
Повремениот македонски репрезентативец во новата сезона ќе настапува за шампионот Струга Трим Лум.
Спировски по пауза од седум години пак ќе заигра во мак-фудбалот, откако имаше повеќе интернационални ангажмани.
Претходно за Спировски покажа интерес ѝ Вардар да го врати во своите редови. Сепак, Спировски со Стружани потпиша договор до 2026 година.
Со овој трансфер, шампионот најавува дека полека го формира тимот кој треба да ја брани титулата, но и летово да не преставува на европската сцена.