Репрезентацијата на Франција петтиот четвртфиналист на Европскиот шампионат во Германија. Ова откако попладнево во Дизелдорф, Французите ја совладаа селекцијата на Белгија со 1-0.

Најголемата шанса за гол ја имаа Триколорите, Во 34-тата минута обидот на Турам заврши сантиметри крај белгискиот гол. И во продолжението Франција ја контролираше играта, но белгискиот бедем беше одлично поставен во одбраната.

Иста слика и во вториот дел. Неколку, спорадични обиди од далечина на Французите без сериозна опасност по голот на Кастел. Белгијците преку се заканија преку Лукаку и Де Бруине, но резултатот остана не променет.

Така беше се до 86-тата минута, кога Колумуани се обиде на уфрли во казнениот простор, а Вертонген ја зафати топката и го измами својот голман, за водство на Франција од 1-0.

Сега Франција ќе го чекаат исходот од вечерашниот натпревар меѓу Португалија и Словенија, по кој ќе го дознаа противникот за четвртфиналето.

А, во него досега се познати два пара, Шпанија – Германија и Англија – Швајцарија.

euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА