На Светското првенство за ракометарки до 20 години што се одржува во Скопје денеска е последен ден.
Кулминацијата е попладнево кога младите ракометарки на Франција и Унгарија ќе ја почнат пресметката за шампионскиот трофеј. Двете репрезентации покажаа најмногу на овој турнир и со максимален број на победи стигнаа до финалето. Една од нив денеска ќе мора да биде поразена, а кој ќе ја почувствува таа горчина останува да видиме.
Финалниот меч што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне од 17.30 часот. Натпреварот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ
Веќе се одигра еден натпревар. Во дуелот за шестото место, Исланд ја победи Швајцарија со 29:26.
Во терминот од 12:15 часот, Шведска и Португалија ќе играта за петтото место, а од 14:45 часот Холандија и Данска ќе се борат за бронзата.
Ивона Кимовска