Британецот Џорџ Расел од Мерцедес стигна до победа на Австриското ГП што се возеше на патеката Ред Бул ринг.
Расел го искористи судирот на Верстапен и Норис кој водеа голема битка за првото место и по еден контакт му го препуштија првото место на Џорџ.
Расел со оваа победа стигна до втората победа во својата кариера и втора со тимот на Мерцедес.
По тој контакт Норис мораше да ја заврши трката поради оштетување на болидот, а Макс падна на петтото место кое го задржа до крајот на трката.
На тој начин немаше славје за Ред Бул на домашното ГП иако Верстапен водеше се до тој контакт во 64-от круг односно на 7 круга до крајот на трката.
Втор заврши Пијастри од Мекларен, а трет Карлос Сајнц од Ферари.
Во бодови уште завршија и Верстапен, Хамилтон, Хулкенберг, Перез, Магнусен, Рикиардо и Гасли.
Фернандо Алонсо буквално во последниот круг го постави најдоброто време на патеката и освои еден бод.
Во пласманот кај возачите има промена на второто место. Лидер е Верстапен со 237 бода, втор е Норис со 156, а трет Леклер со 150.
Следната трка се вози веќе следната недела на 7-ми јули кога на програмата е Британското ГП на патеката Силверстоун.