Актуелниот шампион на Мото ГП италијанецот Франческо Бањаја славеше на трката во Асен за ГН на Холандија. 

Тој го комплетираше успешниот викенд и на тој начин стана првиот возач по Мајк Дуан од минатиот век кој победил на три трки по ред во Асен.

За шампионот ова е петта победа во шампионатот оваа година од осум извозени трки. 

Бањаја извозе перфектна трка и го остави зад себе својот најголем ривал Хорхе Мартин кој мораше да се задоволи со второто место.

Место на подиумот си обезбеди клубскиот возач на Пеко и сонародникот Бастијанини кој на неколку круга пред крајот го мина Вињачес на третото место.

Во најдобрата 10-ка завршија Марк Маркез, ДиЏанантонио, Вињалес Виндер, Алекс Маркез, Фернандез и Морбидели. 

Во генералниот пласман Мартин сеуште води со 200 бода пред Бањаја со 190 и Марк Маркез со 149 бода. 

Следната 9-та трка се вози следниот викенд на 7-ми јули на патеката Заксенринг за ГН на Германија.