Репрезентацијата на Англија е третата што обезбеди пласман во четветфиналето на Европскиот фудбалски шампионат во Германија. Ова откако попладнево во Гелзенкирхен, Англија ја совладаа репрезентацијата на Словачка со 2-1 по продолжение (1-1).
Во 26-тата минута по одличната асистенција на Давид Стрелец, на вистинското место се најде Иван Шранц. Со неговиот трет гол на шампионатот, Словачка поведе со 1-0. Јалови беа нападите на Англичаните да ја анулираат негативата, па на полувреме Словаците заминаа со гол предност.
По пет минути игра во вториот дел, Фил Фоден ја затресе словачката мрежа, но голот беше поништен поради офсајд.
Најблиску до израмнување Англичаните беа во 81.минута, но ударот на Рајс заврши во стативата. И кога сите очекуваа крај на натпреварот, Белингам на ефектен начин го израмни резултатот на 1-1.
Во продолжението, Словаците се ,,распаднаа”, а Хари Кејн беше стрелец на голот за 2-1.
Англија во четвртфиналето за противник ќе ја има Швајцарија која го елиминира актуелниот европски шампион Италија.