Макс Верстапен триумфираше на спринт трка што се возеше во рамките на Големата награда на Австрија, 11-та трка сезонава во Формула 1 шампионатот.
Трикратниот светски шампион, кој претходно славеше во спринтот во Шангај и Мајами, оствари нова победа во спринтот. Тој за четири зад себе го остави Оскар Пјастри во Мекларен.
Ном на подиумот им се придружи и другиот британски возач Ландо Норис, кој заостануваше една секунда зад својот тимски колега.
Во генералниот поредок Верстапен е лидер сега со 227 бодови, а го следи Норис со 156.
Квалификациите ќе се возат попладнево од 16 часот, а трката е утре со старт во 15 часот.