Во Дортмунд селекциите на Германија и Данска, го играат вториот натпревар од осминафиналето на Европскиот фудбалски шампионат. Поради силниот дожд и град, а пред се грвотевиците над Дортмунд, судијата Мајкл Оливер во 36-тата минута го прекина мечот. Фудбалерите се повлекоа во соблекувалните.
Што се однесува до текот на тие 36-минути. Домаќинот тргна со „Блиц-криг“ офанзива.
Германците од самиот старт тргнаа офанзивно. Веќе во 4-тата минута, Шлотеберг ја затресе мрежата на Данска, но поради претходен прекршок голот беше поништен.
Данскиот голман Шмајхел имаше многу работа, па со прекрасни интервенции (7.минута) го спаси својот гол по обидите на Кимих, а потоа и Шлотеберг. Во 10-тата минута се обиде и Хаверц, но Шмајхел повторно беше на висина на задачата.