Актуелниот шампион Франческо Бањаја ќе ја има пол-позицијата на утрешната трка во Мото ГП шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Холандија.
Возачот на Дукати, во доминантен стил оствари најбрзо време во квалификациите на патеката во Асен. Трикратниот светски шампион постави нов рекорд на патеката со време од 1:30.540 минути.
Хорхе Мартин на Прамак Дукати беше единствената закана за Бањаја. Мартин беше најблиску до до Италијанецот зад кој заостана 81 илјадитинки. Првиот стартен ред го пополни Маверик Вињалес на Априлија, кој оствари трето време.
Попладнево во 15 часот ќе се вози спринтот, а трката за Големата награда на Холандија е утре од 14 часот.