На Копа Америка ноќеска на програмата беа натпреварите од 2.коло во Ц групата. Уругвај стигна до втората победа, а Панама го изненади домаќинот САД.
На дуелот во Атланта се водеше жестока борба, која Американците ја загубија од Панама со 1:2.
Уште од 18-тата минута домаќините останаа со играч помалку. Тимоти Веа без топка удри играч на Панама и заработи заслужено исклучување. Сепак Американците со 22.минута поведоа со 1:0 со голот на Фоларин Балогун, но Панама израмни пред паузата преку Цезар Блекман.
Во вториот дел, Панама предноста од играч повеќе ја искористи во 83.минута кога Хозе Фахардо погоди за 2:1. Пет минути подоцна беше исклучен Адалберто Караскиља, па репрезентациите беа бројно изедначени, но резултатот не се промени.
Во вториот натпревар Уругвај лесно и убедливо ја совлада Боливија со 5:0.
Во првиот дел Уругвајците постигнаа два гола преку Пелистри и Нуњез, а во последните 15 минути од натпреварот Араухо , Валверде и Бентанкур беа стрелци.
Уругвај е лидер на табелата со 6 бода, па во последното коло доволен им е бод во дуелот со Американците (3 бода) кои мора да победа. Панама која има три бода ќе игра со „отпишаната“ Боливија.