Веднаш по до дознавањето на противниците за новата сезона во Лигата на шампионите, македонскиот ракометен првак, Еурофарм Пелистер го доби и „возниот ред“.

Пелистерци навидум добија „полесна“ група во која ќе стартуваат со топ фаворитот францускиот Париз Сен Жермен и тоа на домашен терен. Воедно „светците“ ќе бидат и последниот противник на зелено-белите во групната фаза.

Сезоната, во групната фаза, започнува во првата половина на септември и ќе трае до почетокот на почетокот на март месец следната година. Во меѓувреме по 10 одиграни натпревари ќе има зимска пауза во која ќе се играа Светското првенство на кое ќе настапи и Македонија.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

  1. коло, 11-12/09/2024 – Еурофарм Пелистер – ПСЖ
  2. коло, 18-19/09/2024 – Веспрем – Еурофарм Пелистер
  3. коло, 25-26/09.2024 – Еурофарм Пелистер – Фредериција
  4. коло, 09-10/10/2024 – Висла Плок – Еурофарм Пелистер
  5. коло, 16-17/10/2024 – Еурофарм Пелистер – Динамо Букурешт
  6. коло, 23-24/10/2024 – Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер
  7. коло, 30-31/10/2024 – Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
  8. коло, 20-21/11/2024 – Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер
  9. коло, 27-28/11/2024 – Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин
  10. коло, 04-05/12/2024 – Динамо Букурешт – Еурофарм Пелистер
  11. коло, 12-13/02/2025 – Еурофарм Пелистер – Висла
  12. коло, 19-20/02/2025 – Фредериција – Еурофарм Пелистер
  13. коло, 26-27/02/2025 – Еурофарм Пелистер – Веспрем
  14. коло, 05-06/03/2025 – ПСЖ – Еурофарм Пелистер