Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром повеќе нема да смета на двајца интернационалци. Имено Душан Тансковиќ и Харис Делалиќ нема да бидат дел тимот од Аеродром.

Младиот 23-годишен Србин, Танасковиќ веќе е промовиран во нов член на екипата на Мега.

Босанецот, Харис Делалиќ кој одигра полусезона за сино-белите, скопскиот тим ќе го замени со екипата на Босна од Сараево.

Засега од таборот на МЗТ нема никакви информации, за евентуално продолжување на договори или потпишување на нови играчи за следната сезона. Во неа МЗТ ќе ги брани двата трофеи во мак-баскетот, а ќе игра и во АБА 2 лигата.