Последните два натпревари од Ц групата на Европското првенство во Германија, не донесоа никакви возбудувања. Дуелите Србија – Данска и Англија – Словенија завршија со нај не популарниот резултат 0-0.
По некоја спорадична закана кон голот на противникот, без големи возбудувања, многу нервоза и внимателност, да се сочува својот гол.
Тоа е одликата на двата меча одиграни во Минхен и Келн.
Епилогот е. Србија го заврши својот настап со два бода и еден единствен постигнат гол. Англија иако прво рангирана е далеку од приматот главен фаворит за трофејот.
На Англичаните во осминафиналето им се вклучија Словенците кои покажаа храбра игра и Данците со својата константност.