Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по само еден меч го заврши својот настап на Гренд слемот во Вимблдон.

Лина во првото квалификациско коло беше елиминирана од Американката, Саша Викери.

Во мечот што траеше 107 минути, Ѓорческа ги загуби двата сета во тај-брејк (7-6 и 7-6). Првиот со 7-1 на поени, а вториот со 7-5.

За Ѓорческа ова беше втор настап во квалификациите на Вимблдон откако првиот го имаше во 2017.

Годинава Лина настапи и на првите два Грен слем турнири, Австралија опен и Ролан Гарос, на кои исто така доживеа елиминација во првата квалификациска рунда.