Репрезентацијата на Австрија ја оствари втората победа на Европскиот шампионат во Германија. Австријците со победата над Холандија не само што го потврдија местото во осминафиналето, туку тоа го сторија како првопласирани.

Во дуелот од последното третото коло на Д групата, Австрија славеше со 3-2. Постојано тие ја имаа предноста која им ја донесе Мален со автоголот во шестата минута.

На стартот на вториот дел (47.минута) Гапко израмни на 1-1. Но не мина долго (59.минута) кога Шмит повторно и донесе предност на Австрија со 2-1. Во 74.минута, Мемфис Депај повторно го израмни резултатот (202), но пет минути подоцна Сабицер беше стрелец на третиот гол.

Тоа беше и последниот погодок на овој интересен натпревар одигран во Берлин.

Со трите нови бода и вкупно шест, Австрија го осои првото место пред Франција која завршни со пет, а покрај нив и Холандија која има 4 ќе игра осминафинале.