Шпанија го потврди првото место во групата Б на Европскиот шампионат во Германија, а со тоа и пласманот во осминафиналето.
Шпанија ја забележа и третата победа, откако вечерва во Диселдорф, ја победи Албанија со 1-0
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат уште во 13.минута. Стрелец беше Феран Торес по одличната асистенција на Дани Олмо.
Шпанија заврши како прво рангирана во групата и сега ќе го чека својот противник за осминафиналето.
Тие за противник ќе ја имаат една од четирите недобро трето рангирани селекции.