По домаќинот Германија и селекцијата на Шпанија, репрезентацијата на Португалија е третата која обезбеди пласман во осминафиналето на Европскиот шампионат.
Португалците ја остварија и втората победа во Ф групата, па со две победи се сигурни во нокаут фазата.
Попладнево во Дортмунд, популарните „морепловци“ беа многу подобри од Турција која ја совладаа со 3-0.
Резултатот го отвори Бернардо Силва во 21-вата минута, а со комичен автогол на Ахајдин во 28.минута веќе беше 2-0. Во вториот дел (56) во листата на стрелци се запиша и Бруно Фернандеш.
Португалија има максимални шест бодови во оваа конкуренција, во која Турците остануваат втори со 3. Чешка и Грузија имаат по еден откако денеска одиграа 1-1 во меѓусебниот дуел.
Така во последното коло Турците и Чесите директно ќе решаваат за втората позиција, а своја шанса ќе бара и Грузија во дуелот со Португалија.
Тие натпревари се закажани за среда (26 јуни).