Кадетската женска одбојкарска репрезентација на Македонија го освои петтото место на Балканското првенство во Тирана, Албанија.
На шампионатот за одбојкарки до 18 години, во последниот меч, македонските кадетки ја победија Црна Гора. Иако во два наврати имаа сет негатива, сепак со голема борбеност го добија мечот со 3:2 во сетови.
Првиот и третиот сет им припаднаа на Црногорките (23-25 и 25-17). Во вториот и четвртиот подобри беа Македонките (25-20 и 22-25).
Во решавачкиот петти сет нашите млади одбојкарки одиграа храбро и борбено и го добија сетот со 18-16, а мечот со 3:2.
Овој шампионат македонските млади одбојкарки го завршија со две победи (Црна Гора и Албанија) и два порази (Романија и Бугарија).